Page 68 - ПАТЕКА 2
P. 68
Ваквата размена стока за стока создавала големи
потешкотии. Требало да се носи стоката на пазар, се
разменувала според мерки кои не биле определени
правилно, таа потешкотија била отстранета со појавување
на парите како средство за рамена.
Стока - пари - стока
Парите се јавуваат како посредник во размена на стоките.
Како секоја работа и овде имаме акција и реакција. Со
самиот однос на подобрување на општествените односи кој
бил овозможен од појавата на паритеж се појавуваа и
негативни елементи со самото раѓање на парите како
мерка за вредност.
Законот на акција и реакција е неизбежен, како реакција се
појавуваат негативни појави, а еден дел од тие лоши и
негативни содржатели е раѓањето на лихварството.
Убавата страна на самата појава на парите е што се
намалувале просторите за чување на стоката. Се
намалувал ризикот од расипување, кршење на стоката.
Просто речено, наместо собирање голема количина на
стока и складирање, се собирале пари со кои секој можел
во секое време да си купи стока кога му треба.
Луѓето кои собирале пари место стока, кога немале
потреба од купување стока почнале парите да ги
позајмуваат на луѓе кои имале потреба од пари.
Позајмените пари ги давале и притоа барале некој интерес
за таквата услуга. Така лихвата се видела интересна како
појава и довела до создавање нова економска дејност.
67