Page 70 - ПАТЕКА 2
P. 70
купат куќи, станови, машини, репроматеријали и други
потреби.
Земените пари мора да се вратат со интерес од 12%, а тоа
би значело 1000,00 долари, таканаречен кредит + 12%
интерес, што во бројка би било 1120,00 долари на крајот
на годината.
Од горните цифри се гледа 40,00 долари остварен профит
кој банката го зема од своето работење.
Ова е основната за вложување пари во банка и за земање
пари од банка. Значи банката постои да ја врши оваа
основна функција со која помага да функционира подобро
општествениот однос во сферата на економијата во светот.
Што се случува денес, во 2015 година?
На 1000,00 долари влог, банката дава 0% до 1% интерес
на годишно ниво, а истиот тој влог го инвестира и за него
добива просечно 8% и повеќе на годишно ниво.
Ако не анализираме првично изгледа е нормално и
логично. Би рекле ова се приватни банки и имаат право на
своја политика, би рекле ова е пазарно општество и
банките можат да работат што сакаат, тоа е нивна работа.
Но , тоа не е баш така, банките денес се важен сегмент во
економскиот однос во целиот свет. Со ваква слободна
политика банките нарушуваат многу главни сегменти на
приватниот и стопанскиот живот во целиот свет, во некои
делови дури навлегуваат во социјалниот живот на луѓето.
69