Page 51 - ПАТЕКА 2
P. 51

7



            Секој коцкар или крадец во светот се бори на своето дете
            да му укаже дека коцката/кражбата е лоша работа и тој
            самиот сака неговото дете да не биде коцкар/крадец. Секој
            човек сака неговото дете, а со тоа и неговото поколение да
            живее  подобро  од  него.  Ваков  однос  постои  и  постоел.
            Денешното општество мора да мисли за подобар живот на
            своите  потомци.  Идните  генерации  мора  да  живеат
            подобро  од  нас,  во  еден  подобар  систем,  преку  правилна
            наобразба и профилирање.


            Денешните општествени проблеми мора да ги решаваме во
            позитивна  насока  во  која  мора  да  ги  унапредуваме
            општествените односи. Иднината ќе го нема овој проблем,
            но овој транзициски период треба да го најде вистинскиот
            пат за почнување и пронаоѓање решение. Незадоволството
            од  некои  ќе  биде  краткорочно,  засегнатоста  ќе  биде  со
            краток  рок  затоа  што  сите  ќе  сфатат  дека  во  суштина  на
            подолг  период  сите  добиваат.  Апсурдно  е  да  се  очекува
            дека  новиот  систем  ќе  донесе  промени  без  да  се  смени
            нешто, но промените треба да бидат логични, постепени и
            заокружени.

            Загриженоста за денешните општествени односи треба да е
            голема затоа што денешните општествени односи може да
            ја  родат  третата  светска  војна  во  која  сите  ние  ќе
            изгубиме.



                                          50
   46   47   48   49   50   51   52   53   54   55   56