Page 44 - ПАТЕКА 2
P. 44
Глобализацијата во суштина треба да се насочува за да
придонесе во иднината да настане менување на
општествените односи. Ова во суштина значи нова
општествена организираност во светот.
Од каде па сега ова, како може да направи
глобализацијата и нејзините носители да се согласат и
увиди менувањето на општествените односи.
Многу просто, ако купувачите на нивните производи
немаат пари да ги купат и тие би пропаднале. Па како е
можно светот да се доведе до состојба да нема пари да
егзистира? Простата математика ги дава овие резултати.
Ако еден работник произведува производи за 100 луѓе или
100 луѓе произведуваат производи за 10.000. која би била
математиката?
Ако на целиот свет живеат 7 милијарди луѓе, тие можат да
бидат услужени од 70 милиони луѓе, што тогаш би
работеле останатите 6 милијарди и нешто жители на
светот?
Решението ќе се бара во создавање војна и разни
измислени (создадени во разни лаборатории) болести со
кои ќе се намали бројот на целокупното население во
светот.
Ако се намали бројот на населението на светот
математиката е и полоша. Затоа што потрошувачката
истовремено ќе се намали.
Сè се сведува на тоа дека не може нешто што е природно
да се изопачува на сила. Секоја акција дава реакција.
43