Page 39 - ПАТЕКА 2
P. 39
Значи, ние живееме во еден систем што нема допирни
точки со реалноста и човековото битие. Ова е вистинска
утопија која реално се практицира и постои, неверојатен
феномен.
Има безгрижни луѓе кои се нашле на некоја добра
позиција, работат чесно и никој нема никаква забелешка
од кој било аспект. Такви луѓе во целиот свет се
малубрајни и ако тоа се изрази во проценти сигурно би бил
мал процент од целокупното население во светот. Дали тие
не се загрижени од денешните општествени односи?
Јас мислам дека и тие се загрижени за денешниот свет, и
тие би сакале колективно посигурен и поспокоен живот.
Затоа што овие луѓе се во постојан однос со другите, тие
не живеат сами. Дали нив не им пречи кога се наоѓаат на
улица и гледаат како некој јаде чоколада и ја фрла
амбалажата на сред тротоар.
Колективното спокојство не може да го загрози
индивидуалното спокојство, тие обично одат заедно,
додека колективното неспокојство може да го наруши
индивидуалното спокојство. Богатите земји се во однос со
другите, се обидуваат да се оградат, но во тоа тешко
успеваат. Една држава никогаш не може да претставува
целина.
Создавање платформа во која би се вградиле нови
општествени односи е денешна наша задача и цел. Што
порано ова го признаеме тоа ќе биде подобро за сите нас.
Кога канцерот ќе се дијагностифицира во рана фаза може
да се лекува, откривање на метастазиран канцер тешко се
лечи.
38