Page 40 - ПАТЕКА 2
P. 40
5
Откако постои човекот тој напредувал психички, ментално,
физички, во секој поглед. Низ историјата тој секогаш ги
унапредувал орудијата за работа со кои го подобрувал
животот, а со тоа напредувал во технолошкиот развој.
Тркалото, огинот, подоцна и другите пронајдоци, како што
се електричната енергија, автомобилот, биле голем
пронајдок во времето во кое се пронајдени. Значи, човекот
секогаш напредувал, се менувал во секој поглед од своето
живеење.
Напредокот и развојот на општеството биле стимулирани и
мотивирани од новите производи, кои биле поконкурентни
од претходните. Како напредувал и се развивал човекот
така се менувале општествените односи.
Историски имаме правопропорционален однос на
општествениот развој и општествените односи.
Денес ваквиот несразмерен паралелен природен процес е
нарушен, а со тоа се појавуваат деформации во
општеството.
Пазарните односи во светот се многу блиски, не е проблем
да купиш стока од Кина, Индија, САД, Русија, Бразил и од
која било земја на светот. Таквата блискост на пазарите во
светот придонесе за појавување на глобални односи.
Глобализацијата се појави и се развива со големо темпо,
брзината со која се шири е огромна. Пазарот станува
39