Page 47 - ПАТЕКА 2
P. 47

6



            Денешните  пронајдоци,  иновации  што  го  подобруваат
            животот на сите луѓе во светот се производи откриени од
            научници    или    индивидуалци      или   научни     тимови.
            Иновативните  откритија  или  производи  се  откупуваат  од
            компании или институции од целиот светот.

            Со  тие  иновативни  производи  денес  се  тактизира  поради
            околностите  кои  се  наметнати  од  сегашните  општествени
            односи кои владеат. Денешните корпорации и институции
            се  сопирачки  за  општествениот  развој  затоа  што  не
            дозволуваат  новите  пронајдоци  да  се  користат  денес.  Во
            ваква  поставеност  на  општествениот  живот  големите
            корпорации  или  институции  немаат  желба  за  промени,
            затоа што владеат старите системи и навики, никој не сака
            да  менува  нешто  што  функционира  и  што  максимално  им
            одговара.

            Секој научник од која било област би бил среќен неговиот
            изум  да  го  види  на  дело,  во  живо,  како  им  помага  на
            луѓето.  Тој  не  е  среќен  целосно  кога  некој  ќе  го  откупи
            неговиот пронајдок и ќе го стави во фиока.

            Денешните  општествени  односи  се  причина  за  денешната
            реакција и делување на светските компании и корпорации.
            Старите навики ќе се заменат со нови глобални промени на
            општествените односи во целина.

             Менувањето,  промената  на  целокупните  општествени
            односи  ќе  донесе  нови  природни  влијанија  кои  нема

                                          46
   42   43   44   45   46   47   48   49   50   51   52