Page 42 - ПАТЕКА 2
P. 42

првични елементи од идниот хаос. Тоа со други зборови би
            значело создавање мал број луѓе кои би поседувале голем
            или целосен капитал во целиот свет и голем број луѓе кои
            не  би  поседувале  ништо  и  би  биле  на  работ  на
            егзистенција.


            Ова во суштина не е толку страшно, имало и порано богати
            и сиромашни луѓе. Страшното се состои во тоа што ваквиот
            однос  ќе  нарушува  и  сè  друго.  Таквото  нарушување  нема
            да  го  одржи  функционирањето  на  денешниот  систем  во
            целина.

            Во  ваков  случај  што  би  се  случувало  во иднина?  Дали  во
            блиската иднина би имало 1% богати луѓе во светот и 29%
            од  населението  би  работело  во  војска,  полиција  и  други
            сервилни дејности кои би служеле за одбрана и заштита на
            1%  од  населението  од  другите  70%  од  населението?
            Очигледно дека ваква или слична иднина ќе доживее голем
            хаос  во  правец  на  непозната  иднина,  ваквата  состојба  не
            ќе може да се контролира од никого. Незадоволството од
            мнозинското  население  од  целиот  свет  нема  да  ги  трпи
            идните општествени односи ако тргнат во оваа насока.


            За ова да биде појасно би дал еден пример од иднината, а
            може  да  се  каже  и  за  денешницата.  „Кока-кола“  е
            компанија која е присутна на пазарот во целиот свет. Таа
            зазема голем процент од светскиот пазар на сокови. Секоја
            перспективна млада компанија што излегува на пазарот со
            конкурентен  и  добар  производ  се  купува  од  „Кока-кола“
            или„Пепси“. Денес е реткост да се види на светскиот пазар
            друг  сок  освен  производи  на  „Кока-кола“  и  „Пепси“  од
            проста причина што нивните производи се најдобри.

                                          41
   37   38   39   40   41   42   43   44   45   46   47