Page 45 - ПАТЕКА 2
P. 45

Новата  организација  во  општествените  односи  ќе  ја
            апсорбира целокупното работноспособно население и ќе ја
            вклучи  во  создавање  нови  вредности.  Потребата  од
            излегување  на  старото  клише  и  барање  нов  развој  и
            прогрес  на  целокупното  човеково  битие  ќе  биде  иден
            процес кој денес мора јасно да почне.

            Предусловот за ова да се случи е секој да биде едуциран,
            затоа ни треба еден школски систем во целиот свет. Затоа
            ни треба еден правен систем, за да нема незадоволни луѓе.
            Неминовноста  од  зацврстување  на  целината  е  јасна,
            недвосмислена и очигледна.

            Новите реорганизирани Обединети нации со тек на време
            ќе  го  преземат  владеењето  на  целиот  свет.  Денешните
            независни  земји  ќе  бидат  само  географска  одредница,
            владите  на  денешните  земји  во  светот  ќе  ја  управуваат
            својата  територија  по  закони  кои  ќе  бидат  донесени  од
            Обединетите нации. Една парична единица во целиот свет
            ќе  реши  многу  денешни  проблеми.  Даноците  во  сите
            области на светот ќе бидат еднакви, собраните даноци ќе
            одат  во  една  каса  која  ќе  биде  трошена  за  потребите  и
            развојот на целиот свет.

            Се  прашуваме  дали  компаниите  во  светот  треба  да  бидат
            загрижени за вакви промени?


            Едноставно тие ништо не губат, само добиваат. Денес сите
            компании  во  светот  работат  и  егзистираат  од  своето
            работење. Никаква промена и во иднината нема да влијае
            на нивното работење, тие ќе добијат само олеснување од
            денешните  контроли,  различни  процедури  и  чекање  на
            нивната  стока  на  многубројните  граници.  Добиваат
                                          44
   40   41   42   43   44   45   46   47   48   49   50