Page 46 - ПАТЕКА 2
P. 46
поголем и побогат пазар каде нивните производи би
добиле во квантитет на продажбата. Компаниите и денес
плаќаат данок, а и во иднина тоа нема да се промени.
Значи компаниите во целиот свет само добиваат и ништо
не губат. Нивниот развој во иднина ќе биде поголем и
посигурен.
Дијалектичкиот реализам ќе помогне во иднината целиот
свет да тргне во добра насока во која ќе се препознаат и
уважуваат позитивните вредности, а денешните негативни
појави ќе се негираат. Колективното задоволство од ден на
ден ќе се зголемува. Љубовта меѓу луѓето ќе се искачи на
повисоко ниво. Спокојството ќе завладее во целиот свет.
Во иднина целокупното население на планетава ќе биде
ангажирано за создавање нови вредности. Создавање нови
вредности ќе доведе до нова индустриска еволуција, а со
самото тоа ќе навлеземе во период на нови општествени
односи.
Влегувањето во ново општествено уредување е неминовен
природен процес. Човештвото е идното стабилно
општествено уредување каде човекот ќе живее во
благосостојба.
45