Page 43 - ПАТЕКА 2
P. 43
Слични компании кои имаат систем на управување,
работење и организирање се под брендовите: Жилет,
Милка, Нескафе и многу други.
Овие компании секојдневно се шират и развиваат и со тоа
го заземаат пазарот сè повеќе и повеќе. Не е спорно дека
нивниот квалитетен производ е пресуден за купувачот да
се определи токму за нивниот производ, меѓутоа тоа се
должи и на големите и агресивни маркетиншки кампањи
кои тие се во можност да ги платат, со што се влегува во
психологијата на просечниот купувач. Ова го потврдува
листата на најбогатите луѓе на планетата. Во време на
светска криза оваа година најбогатите луѓе на светот
направиле по неколку милијарди долари плус.
Глобализацијата не може да се негира, таа од ден на ден
се проширува и расте. Ако проба светот или некој
поединец тоа да го спречи, тогаш тој ќе навлезе во други
води каде ќе настане поголем хаос. Природноста и
примената на дијалектичкиот реализам не смее да се
негира. Никому не треба да му пречи глобализацијата, која
денес е во подем.
Денес имаме состојба која е заматена и нејасна, луѓето
велат „угоре високо удолу длабоко“. Така стојат работите
во целиот свет и сето тоа завршува тука. Богатите се
богатат, сиромасите осиромашуваат, карванот си врви, а
кучињата си лаат.
Во суштина треба да се отворат очите и разумот за да се
види решението на овој денешен проблем.
42