Page 48 - ПАТЕКА 2
P. 48
витално да ги загрозуваат самите компании, трустови,
холдинзи, корпорации или институции.
Ваквиот денешен систем доведе до преполнетост и
заситеност, со самото тоа стариот простор се наполни
толку многу што почна да создава голем притисок. Според
законите на физиката за притисокот и волуменот, ваквиот
притисок природно бара нова содржина која ќе почне да се
исполнува. Новата содржина бара и нови односи кои ќе го
исполнуваат новиот простор, што ќе биде поголем,
помасивен, поволуминозен. Ова е неминовен иден
природен процес.
Денешните општествени односи отвораат многу прашања.
Нелогичноста која е изразена денес во суштина ги
нарушува целокупните сегменти на човековото живеење.
Да се појасни оваа денешна позиција во која се наоѓа
целокупното општество потребно е третирање и
анализирање на овој денешен проблем кој нè окупира сите
нас.
Зошто многу години истражувачките станици во вселената
патуваат на соларен погон, а ние трошиме нафта за
нашите автомобили или слични превозни средства? Пред
многу години се измислени возила на соларен погон,
биогорива или водород, а корпорациите во нафтениот
бизнис упорно ја користат нафтата како единствена
енергија, која од ден на ден е сè поскапа.
Имаме разни оправдувања за денешната вистина, а во
суштина нафтата не е потребна во тие количини кои денес
се експлоатираат, но компаниите ќе го тераат тој бизнис до
конечно исцрпување на тој природен ресурс.
47