Page 49 - ПАТЕКА 2
P. 49

Одговорот  на  ова  прашање  е  во  промена  на  денешните
            општествени  односи,  тие  немаат  капацитет  да  го  одржат
            општествениот  развој.  Платформата  на  која  стојат
            денешните општествени односи просто нема капацитет да
            издржи подолго време и затоа се јавуваат деформации во
            општеството.

             Идните  општествени  односи  ќе  доведат  до  промена  на
            денешните  нелогичности.  Идната  цел  на  општеството  ќе
            биде  единствена.  Една  цел  за  целото  општество,  што  во
            суштина би значело одење во повисок стадиум на развој на
            општеството кој би носел развиток.

            Со  други  зборови,  ова  би  значело  дека  денешните
            општествени  односи  во  иднина  би  се  смениле  затоа  што
            целта  ќе  биде  поголема  од  денешните  различни  мали
            интереси на групи и себични цели.

            Зошто  последниве  години  најголемите  профити  ги
            остваруваат банките и нивните менаџерски тимови?

            Нели лихварството се замени со создавање на банките во
            кои  банкарското  работење  треба  да  им  помага  на
            индивидуалците  и  компаниите.  Во  последните  години
            наместо  банкарскиот  систем  да  се  усовршува  тој  се
            уназади. Банкарското работење наликува на поранешниот
            лихварски систем.

            Како  пример,  денес  каматата  на  вложените  пари  во
            банките во целиот свет не е поголема од 1 % на годишно
            ниво, а на кој било кредит каматата достигнува до 10% и
            повеќе.



                                          48
   44   45   46   47   48   49   50   51   52   53   54