Page 38 - ПАТЕКА 2
P. 38
корупцијата во некои земји се помали, во некои поголеми
но тие се очигледни насекаде. Во развиените земји митото
и корупцијата се прикриваат со софистицирани методи што
некаде се дел од законите, прикриени и невидливи. Во
неразвиениот свет митото и корупцијата се во груба форма
и видливи. Во двата случаи се работи за иста цел.
Во иднина, кога целта во целиот свет ќе биде иста, ќе се
наметне систем во кој митото и корупцијата нема да имаат
егзистенционални елементи, тие ќе се намалат, морално
осудуваат и со време ќе згаснат.
Трудот и индивидуалната способност за создавање нови
вредности во иднина ќе бидат главна преокупација на
целото општество. Еден правен систем за целиот свет,
еднакво образование во целиот свет ќе наметне да се види
и препознае новата права вистина во која митото и
корупцијата ќе бидат туѓи и непознати.
Да не редам безброј прости примери каде очигледно се
гледа нелогичноста на денешните општествени односи.
Земете секојдневен пример и самите третирајте го
проблемот кој денес ве загрижува, самите ќе сфатите дека
нешто не е во ред. Денешната вистина или денешниот
реален свет е целосно замаен. Денес се чувствува притисок
насекаде околу нас. Системот со кој сите ние живееме
наметнува мислење дека сè е нормално. Нормално е денес
да си трговец на оружје, да си сопственик на казино, да си
сиромав и да не знаеш што да правиш со самиот себе, да
се проституираш на разни начини итн. Да не набројувам
понатаму, има многу примери.
37