Page 35 - ПАТЕКА 2
P. 35
првиот состанок од своето создавање ќе ја третира жената
како мајка која нè родила сите нас.
Треба да ја стави на највисок пиедестал и притоа да ѝ даде
признание и благодарение за нејзиното постоење. Жената
во целиот свет мора да биде заштитена и охрабрена,
материјално обезбедена. Денешната жена МАЈКА, нашата
мајка не смее да се дозволи да е малтретирана од никого.
Таа треба да е заштитена од сите зла во кои денес се
наоѓа. Буџетот на ОН треба да има посебна ставка со која
секоја незгрижена мајка ќе биде заштитена и згрижена.
Сегашната вистина е дека има мајки кои се малтретирани
по разни основи, една од најчестите појави е
проституцијата. Правата вистина е мајката да биде
поставена на највисокото место, згрижена, задоволна и
среќна.
Пример бр.4
Спортот и спортскиот дух како еден од ретките денешни
добри нешта го расипаа. Спортските обложувалници, чија
единствена цел е остварување профит што се мери со
милијарди долари, го упропастува спортот. Ова е
денешната вистина.
Како ли се чувствува спортистот кога се спогодува да го
изгуби спортскиот натпревар? За луѓето кои ова не го
разбираат ќе морам да наведам конкретен пример.
На еден фудбалски натпревар Екипата А ако победи има
коефициент 1,40, а тоа значи ако вложиш 1000$ ќе добиеш
34