Page 34 - ПАТЕКА 2
P. 34
трауматско детство во периодот кога се формира
социјалната/асоцијалната личност или губење на парите
поради долгови.
Денес коцкарниците се одобрени од страна на државата.
Самата држава дава дозвола за отворање коцкарници,
обложувалници, автомати за коцкање и други слични на
нив. Коцкарниците и другите слични бизниси за игри на
среќа имаат разработен систем со кој им ги земаат парите
на луѓето и тоа го работат толку софистицирано што
слободно може да им се даде Нобелова награда за измама.
Тоа толку добро го работат што поради нив има луѓе што
изгубиле сè, фамилии, куќи, разни имоти, губење на
разумот, добивање болести итн. Јас лично познавам човек
кој ги искоцкал сите пари, го изгубил и својот дом и,
нормално, тоа предизвика и негова смрт. Ова е денешната
вистина која е одобрена од државата. Правата нова
вистина е да се затворат коцкарниците во целиот свет и
воедно целото општество да ги осуди. Затворањето на
коцкарниците би придонело за намалување на криминалот
затоа што ќе нема луѓе кои ги изгубиле своите пари и би
можеле да станат нови криминалци.
Пример бр.3
Да се запрашаме или да ги прашаме проститутките дали им
се допаѓа работата што ја работат. Одговорот е јасен како
сончев ден. Па добро, во што е тогаш проблемот? Зошто
овој проблем постои?
Овој голем општествен проблем мора да го реши
општеството. Целината или светското собрание на ОН на
33