Page 33 - ПАТЕКА 2
P. 33

На  автопат  стои  полиција  со  радари  и  ги  санкционира
            возачите  кои  возат  над  дозволената  брзина.  Ова  е
            нормално  и  секојдневно.  Значи  ова  е  денешната  права
            вистина. Во суштина, ако максималната брзина е 110 км на
            час тогаш државата не треба да дозволи да се продаваат
            возила кои постигнуваат поголема брзина од 110 км на час.
            Ако  тоа  се  спроведе  и  се  донесе  закон  со  кој  на  пазарот
            нема  да  се  дозволи  продажба  на  автомобили  кои
            постигнуваат поголема брзина од 110 км на час нема ни да
            има  престапници  кои  можат  да  возат  со  поголема  брзина
            од дозволената. Тоа е превенција на престапот.

            Оттука  со  овој  прост  пример  ја  откриваме  негацијата  на
            негацијата.  Имаме  автомобили  кои  можат  да  развиваат
            брзина и до 300 км на час и нивната продажба е одобрена
            од државата, а максималната брзина е 110 км на час, која е
            донесена во форма на закон од самата држава.


            Старата  вистина  е  оваа,  а  новата  права  вистина  е  да  се
            утврди која би била максималната брзина на автомобилите
            во  целиот  свет  и  на  пазарот  да  не  се  продаваат
            автомобили побрзи од законското решение за максимална
            брзина.  Овој  прост  пример  укажува  дека  постои  стара
            вистина и нова права вистина.

            Пример бр.2


            Криминалот  мора  да  го  третираме,  анализираме  и  да
            почнеме да го искоренуваме. Денешната вистина е дека се
            казнуваат  криминалците       за   направениот     криминал.
            Најчесто криминалот е кога некој ќе украде од некого и со
            тоа  го  крши  законот.  Криминалот  најчесто  се  јавува  како
            одраз  на  недостиг  на  пари,  низок  социјален  стандард,
                                          32
   28   29   30   31   32   33   34   35   36   37   38