Page 30 - ПАТЕКА 2
P. 30
Тората и навлегува во сивилото на секојдневието, во
бројните неморалности на модерниот живот.
Борбата за егзистенција го враќа во реалниот живот.
Неговиот реален живот е во суштина апсолутно нереален и
демагошки изопачен, со изместени вредности. Секојдневни
сплетки со лаги и измами, состојби на психолошка
депресија, агресија, лично незадоволство, алчност, злоба,
завист, љубомора и груби игри со превртливост и
манипулативност.
За ова да биде уште полошо и позаматено, времето за
одмор го поминува покрај телевизорот каде го гледа
злобниот свет, или, пак, „виси“ на интернет и повторно го
гледа тоа што му се сервира.
Човекот е занесен од медиумите и во своето слободно
време. Бројни пропаганди во кои лошото се оправдува со
употреба на крајно екстремни и брутални ставови, каде
правилното се заменува со екстремно негативно.
Банкарските измами се усовршуваат секојдневно. Парите
тешко се заработуваат, а системот по разни основи уште
полесно ги зема. Постојано некому нешто должиме -
кредит, хипотеки, лизинг, даноци, сметки... камати на
камати... и така до бескрај. Притиснати од трошоците и
борбата за пари луѓето лесно ги прифаќаат понудените
опции за лесни заработки, криминал, убиства, платенички
улоги, религиозен радикализам, политички игри,
тероризам....сè е во опција за подобра заработка.
Притоа луѓето се ставаат во кругот на неправдите и злото.
Психолошки и ментално се разградува чувството за реално
29