Page 36 - ПАТЕКА 2
P. 36

1400$. Во целиот свет за тој натпревар се вложени  1
            милијарда  $.  Спортската  обложувалница  ја  замолува  (ѝ
            наредува или не знам на кој начин) екипата А да го изгуби
            мечот и со тоа заработи 1 милијарда $ .


            Сè  е  „наместено“,  а  играат  огромен  број  луѓе  кои  се
            надеваат  дека  ќе  добијат?!  Некој  ќе  добие  понекогаш,  но
            всушност добиваат само обложувалниците.

            Има луѓе, мали колективи кои „не ги лази мува“.


            Ниту  иматат  гајле,  нити  размислуваат  за  тоа.  Едноставно
            тоа го сметаат за нормално, дел од секојдневието. До кога?
            Нив  никој  не  ги  осудува,  се  кријат  позади  разни  завеси,
            дури  има  и  такви  кои  се  заштитени  и  тоа  го  прават
            намерно и со умисла. Тоа е огромен бизнис кој е заштитен
            од  крупни  инвеститори.  Едноставно  грозно!  До  кога  сите
            ние  ќе  го  премолчуваме  ова  и  ќе  бидеме  тажни  поради
            тоа? Ова го велам со право затоа што познавам луѓе што
            изгубиле сè и на крајот и својот живот.

            Јас  лично  го  проучував  во  пракса  овој  општествен
            проблем. Одев во обложувалници, се обложував на коњски
            трки, играв на автомати за среќа и што ли не. Луѓето кои
            го  водат  овој  бизнис  се  служат  со  најсофистицирани
            измами. За жал, ова е денешната вистина.

            Новата вистина е во иднината каде што луѓето денешните
            вистини  ќе  ги  сметаат  за  нецивилизациски,  груби  и  ќе
            прашуваат како е можно да се случувале вакви нешта кои
            денес постојат.



                                          35
   31   32   33   34   35   36   37   38   39   40   41