Page 32 - ПАТЕКА 2
P. 32
4
Целта на оваа книга е да укаже на потребата од создавање
платформа во која би се вградиле правите човекови
вредности. Така би се увидела иднината, која ќе донесе
поздрави општествени односи во кои секој човек на
планетава би се чувствувал посреќен, поспокоен,
порадосен, позадоволен. Затоа е неминовно да се третира
старата (денешната) вистина и новата права вистина.
Анализирањето на денешната вистина ќе се обидам да ја
третирам, анализирам, проучувам и објаснам со прости
примери кои нè опкружуваат денес. Со откривањето на
денешната вистина со помош на прости примери сакам
појасно и недвосмислено да укажам на негативноста на
денешната вистина. Сето ова е со цел да се открие и укаже
патеката за новата права вистина.
Ќе ви набројам неколку прости примери со кои ќе ја
прикажам старата вистина и споредам со новата права
вистина.
Пример бр.1
Максималната брзина на автомобилите во Канада, САД и
многу земји во светот е 110 км на час. На пазарот за
автомобили се продаваат секакви марки, некои од нив се
поскапи, некои поевтини итн. Некои типови автомобили
постигнуваат брзина дури до 300 км на час.
31