Page 31 - ПАТЕКА 2
P. 31
и човечноста. Така човекот во денешните приказни е врзан
и стегнат секојдневно. Неговата природна генетика е
раскината на парчиња. Послабите се самоубиваат или се
дават во системот поради немоќта да се борат и пливаат во
денешните води.
Логиката на спокојството и љубовта се изгубени во ова
сивило на денешницата. Системот на индивидуалната
способност е нарушен со денешниот систем на живеење.
Човекот денес, во оваа приказна, е изгубен, тој е мртов, а
сè уште живее (УМРЕВ УШТЕ ДОДЕКА ЖИВЕЕВ).
Во вакви општествени односи се создаваат платформи на
кои се раѓаат, а притоа егзистираат негативните
општествени појави како што се криминалот,
проституцијата, војните, убивањето невини луѓе,
корупцијата и сите други зла на денешницава.
Решението е во создавање вистински здрав темел. Темелот
треба да се создаде од здрав материјал. Во иднината треба
да се создаде платформа од цврст материјал кој ќе има
доволно јачина да го држи градењето на нови општествени
односи.
30