Page 29 - ПАТЕКА 2
P. 29
Менувањето или негирањето на својот идол во суштина е
губење на идолот, љубовта кон својот идол е многу голема
и таа не се менува лесно.
Денес луѓето живеат за формата и не се доволно
заинтересирани за суштината. Формата е секогаш
изложена и таа може да се менува. Гледање во формата
дава простор да завладее демагогијата и со тоа да се
помати вистината. Матната вистина историски, но и денес
дава можност да цвета негативното. Неспособноста се
затскрива со демагогија, а со тоа да се искористува и
придобива од материјалниот и духовниот дел од вредноста.
Овој голем општествен проблем може да се смени и да
тргне во позитивна насока само со еднаков школски систем
во целиот свет. Изедначување на образовниот систем во
целиот свет е неопходно денес. Предметите за проучување
треба внимателно да се одбираат и селектираат со цел да
се постигне квалитет и знаење кое во суштина ќе се одрази
на зголемена интелигенција во целиот свет. Таквиот
пристап ќе даде позитивни резултати со кои ќе се смени
менталниот склоп на расудување и одвојување на доброто
од лошото, на моралното од неморалното, на одвојување
на правата вистина од демагогиите итн.
Човекот во ова денешно време е опкружен со видливи
негативни појави. Тој нив збунето ги гледа и ги оправдува,
се лаже сам и си вели дека тоа така треба да биде. Не сака
да ја види реалноста и суштината. Оди во црква или некој
друг верски објект, се моли на Господ и притоа вели дека
само нему му верува. Со самото напуштање на верскиот
објект ги заборава зборовите од Библијата, Куранот или
28