Page 28 - ПАТЕКА 2
P. 28

3



            Луѓето  се  недооформени  ликови  во  приказната  од
            историјата  на  претчовештвото.  Таа  маана  во  суштина  е
            голема  пречка  за  целокупниот  општествен  развој.
            Комплексот и стравот од гледање на правата вистина или
            немоќта на интелектуалната способност е наметнат
            од  самиот  општествен  живот.  Сегашниот  историски
            период е во суштина период на човековото осознавање и
            проучување.


            Човекот  е  свесен  за  доброто  и  лошото,  тој  делумно  ги
            распознава,  но  не  ги  открива  во  целост.  Тој  нема  ниту
            објективна ниту субјективна моќ со сигурност да го осуди и
            поништи,  да  го  умртви  негативното.  Дава  простор  да  се
            провлекува и реинсталира демагогијата. Старите навики ги
            прифаќа, несвесно, живее со нив и не може да се ослободи
            од  стегите  што  ги  наметнала  историјата.  Храброста  да  се
            менуваат нештата се затворени од старите навики.

            Секој  лик,  секој  карактер  има  свој  идол  и  тој  мисли  дека
            неговиот  идол  е  идеален  лик  на  денешницава.  Дадените,
            поставените  норми  на  својот  идол  не  се  менуваат  затоа
            што  идолот  не  смее  да  се  менува.  Ако  неговиот  идол  се
            смени, тој тогаш нема да биде негов идол затоа што не му
            е повеќе прототип за неговите перцепции.

            Според  нашиот  идол  ги  поставуваме  постулатите  како  би
            сакале да ни изгледа животниот пат.




                                          27
   23   24   25   26   27   28   29   30   31   32   33