Page 26 - ПАТЕКА 2
P. 26
Некогаш мора да ги апстрахираме наталожените проблеми
од минатото, да гледаме во иднината со позитивна
енергија. Ваквиот пристап ќе доведе до вистински
резултати со кои секој би бил задоволен.
Мора да нагласам дека секоја акција предизвикува
реакција...нивните терористички реакции, кои не ги
одобрувам, мора да имаат почеток - причина, односно
предизвикани се од некаква претходна акција на
спротивставената страна. Акциите што ги преземат владите
или одредени групации од лични цели најчесто се
одразуваат на други држави, народи или групации кои
немајќи други начини честопати применуваат радикални
методи за реваншизам. Понатаму, таа акција предизвикува
повторна реакција кај првите и така тоа во недоглед раѓа
нетрпеливост, одмазда, повторни жртви на двете страни.
Заклучокот е во закопувањето на секирите или, речено во
стилот на религиите, не му прави на другиот она што не би
сакал тебе да ти го прават. Сето ова ќе се добие во
иднината каде атомизацијата на целината ќе ги отфрли
денешните негативни појави.
Ако во новото општество се потрудиме да не го
повредуваме другиот, да го почитуваме неговото право,
определба или став,тогаш и тој ќе го разбере нашиот став.
Ако нештата во идното општество бидат добри за сите, со
примена на правичност, неизбежно е сите да се согласни
со нив. Подоброто општество за сите ќе донесе и чувство
на заедништво, спокојство, правичност и напредок.
Решението на овој голем проблем и многуте други
проблеми во целиот свет е во отворање на вратата низ која
25