Page 25 - ПАТЕКА 2
P. 25

Зближувањето  и  градењето  на  целината  ќе  донесе  нова
            позитивна енергија, енергија што ќе даде јасни позитивни
            општествени  односи.  Една  заедничка  цел  и  интерес  во
            целиот  свет  ќе  ги  подигне  општествените  односи  на
            повисоко  ниво  во  кое  луѓето  нема  да  се  окупирани  со
            неважни  нешта  кои  владеат  денес.  Заедничката  цел  во
            целиот свет ќе ги отфрли денешните негативни појави.

            Додека  го  пишувам  ова  има  вести  на  денот  на  СНН,
            убиени  се  десетмина  невини  луѓе  во  Париз,  Франција.
            Убијците  се  терористи  кои  ги  нарекуваат  радикални
            исламисти. Дали тие се ментално, луди луѓе или причината
            е  нешто  друго?  Со  сигурност  тоа  не  се  луди  луѓе,  тоа  се
            незадоволни  луѓе  кои  незадоволство  ги  направило  многу
            лути и бесни. Ваквото изразување на незадоволство не го
            оправдувам,  тоа  е  за  осуда,  но  ова  не  е  првпат.  Неколку
            децении  имаме  страшни,  грозни  терористички  атаци,
            невини луѓе се убиваат, ужас. Потсетете се на најголемиот
            терористички  атак  на  11  септември  2001  год.  во  кој
            загинаа  илјадници  невини  луѓе.  Теориите  на  заговор
            делумно  ги  отфрлам  затоа  што  мислам  дека  не  постојат
            такви луѓе кои за личен интерес би го убиле своето дете.
            Но, и ако постојат такви луѓе не смеат да се наречат луѓе.

            Повеќето  влади  на  светот  велат  дека  не  сакаат  да
            преговараат со терористите и со тоа ставаат голема црвена
            линија  со  која  ставаат  огромна  рампа  за  размислување
            како ова да престане. Со години истиот проблем е актуелен
            и  не  се  решава.  Можеби  работата  е  многу  заплеткана  и
            вистината не може да се види, но, конечно, не е ни важно.
            Не  е  важно  затоа што  ако  влеземе  во  тој  лавиринт  да  го
            посочиме  виновникот  со  сигурност  нема  да  го  најдеме.

                                          24
   20   21   22   23   24   25   26   27   28   29   30