Page 24 - ПАТЕКА 2
P. 24
пример, на фудбалски натпревар судијата досудува пенал
кој не постои. Дали ви е сеедно?
Во историјата имало луѓе кои сакале да променат нешто во
општествените односи. Тие се обидувале да ја отворат
вратата на правата вистина и да дадат придонес во
зголемување на вистинските човекови вредности, но не ја
земале предвид целината како главен предмет за
проучување. Некои од нив сакале насилно да дојдат до
вистината, се служеле со убивање луѓе за да ја докажат
правата вистина. Со самиот чин и таков однос ја негирале
самата идеја да се открие правата вистина. Патот за
откривање на правата вистина е создавање платформа на
која би се почнало градење здрава целина, која би била
дадена на целокупното општество и самото општество би
требало да ја проучува и менува.
Денес постојат општествени односи кои историски се
оправдани, се верувало, а и денес се верува дека се
нормални и неспорни. Во суштина, кога ќе ги ставите на
маса на која почнувате да ги третирате, да ги анализирате
гледате дека не е така, гледате шуплини и порозен
материјал, нема цврстина во содржината.
Ова е основата на мојот насобран талог што сакам да го
тргнам и со тоа да го откријам и прикажам сјајот на
вистинската убавина која би била прифатена во иднината.
Јасниот и прифатлив пат од страна на целокупното
општество во иднина треба да даде чувство на
задоволство. Минатите неправди и нелогичности треба да
се менуваат во правец на зајакнување на човековите
вредности.
23