Page 23 - ПАТЕКА 2
P. 23
Личност која не сака војни и држава која оправдува војни
со образложение дека војната или атакот против некого е
неопходен и потребен за некоја државна цел. Ова е голем
апсурд! Имаме личности кои не одобруваат нешто, а
нивната држава упорно вели дека е тоа за интересот на
државата. Па добро, каде е тука логиката! Ова не значи
ништо друго туку политички субјективен маркетинг од
страна на државата каде старата вистина упорно се брани
и не дава да се гледа новата права вистина. Во суштина
овде се работи за лична корист и ништо друго. Некои
нелогичности упорно се туркаат и се претставуваат како
логични. Како изреката „трипати повторена лага може да
се претвори во вистина“.
Во иднина ниедна влада не смее да носи одлуки за војна.
Системот што владее денес мора да се менува за
благосостојба на целокупното човеково битие. Одлуките за
каква било агресија мора да бидат одобрени од новото
собрание на Обединетите нации. Собранието на
Обединетите нации ќе биде демократско избрано од
целиот свет. Само тоа може да пресуди дали една земја
застранила и против неа треба да се употреби сила за
санкционирање на проблемот.
Зборот НЕПРАВДА е составен од НЕ, значи нешто нема, не
содржи, не е вклучено, отсутно е во зборот ПРАВДА.
Самиот збор правда во себе содржи задоволство, логика,
правилно, напредок, среќа. Јас лично се воодушевувам, се
гордеам кога ја согледувам правдата. Кога неправдата
победува се грозам, се лутам, паѓам во секоја смисла на
зборот. Како се чувствувате кога неправдата победува? На
22