Page 22 - ПАТЕКА 2
P. 22
големината е во тоа да ја увидиш правата вистина кога си
здрав и способен да ја промениш.
Има луѓе кои ова го осетиле и увиделе, ваквите луѓе
пробувале и пробуваат да сменат нешто во својот начин на
живеење. Некои од нив дури имаат свој личен моментален
успех. Решението за зголемување на спокојството не може
да се бара во индивидуалното спокојство од причини што
самиот човек е во односи со општеството, тој не живее
сам. Затоа ретко, но постојат, луѓе кои одат во природа,
(каде било) живеат сами и притоа не сакаат да
комуницираат со други луѓе. Таквите луѓе во суштина се
лути на сегашните општествени односи. Оттука јасно се
гледа дека решението се гледа само во создавање на
целокупно општествено спокојство.
Оваа втора книга допира до дното на чувствата, се обидува
да ги размрда улежаните талози на човековите чувства. Се
обидува да ги разбуди чувствата што ќе придонесат да се
признае и потврди правата вистина.
Во оваа книга ќе се потрудам да го применам
дијалектичкиот реализам како алатка за пронаоѓање на
правата вистина, а тоа би значело добивање на целосно
општествено признание. За менување на сегашната
вистина со идната нова права вистина потребно е де се
увиди ползата или големината на иднината со нејзиното
искачување на повисока скала од развојот на општеството
во целина.
На пример, војните не се оправдани ниту од еден човек на
планетава. Но, тие се оддржувани и управувани од владите
на некои земји, значи имаме однос што е спротивставен.
21