Page 21 - ПАТЕКА 2
P. 21

Стравот од промени ги бутка и апстрахира новите вистини
            од преплашеност да не се изгуби спокојството. Во суштина
            спокојството  е  нарушено  од  старата  вистина.  Затоа  треба
            да  се  анализира  и  третира  за  да  се  види  чистотата  на
            правата  вистина,  а  истовремено  да  се  види  поголемото
            спокојство што ќе настане во иднината.

            Новата  вистина  ќе  изгради  нова  платформа  каде  што  ќе
            владее спокојството. Денес е реткост да се види спокоен
            човек речиси во целиот свет. Притисокот што се чувствува
            насекаде  е  невидлив,  но,  сепак,  влијае  на  целото
            општество. Денешните општествени односи, како физички
            така  и  ментално,  создаваат  негативна  енергија  што  се
            чувствува меѓу сите луѓе.

            Денешниот  живот  е  како  локомотива,  оди  и  гази  сè  пред
            себе,  парите  се  на  прво  место....  сè  друго  е  неважно.
            Борбата  за  повеќе  пари  е  голема,  темпото  на  животот  е
            брзо и динамично. Околината не ти дава да здивнеш и да
            сакаш  да  промениш  нешто  во  начинот  на  живеење  и
            постојано те држи под притисок, зависност, задолженост и
            борба за егзистенција.


            Кога ќе остариш гледаш дека нешто не е како што треба да
            е.  Или  не  дај  боже,  ако се разболиш и животот ти е во
            прашање, дури тогаш ќе сфатиш дека си живеел погрешно.
            Во  тој  миг  ќе  разбереш  дека  си  требало  да  живееш
            поинаку,  различно.  Затоа  старите  луѓе  велат,  „повторно
            да се родам, би знаел како да живеам“. Храброста се
            раѓа  кога  се  наоѓаш  во  ќош,  тогаш  луѓето  се  најхрабри
            (исто  како  мачка  сотерана  во  затворен  агол).  Значи



                                          20
   16   17   18   19   20   21   22   23   24   25   26