Page 20 - ПАТЕКА 2
P. 20

правата  вистина.  Чувствата  на  секој  човек  се  правилни  и
            вистински затоа што тие се дел од генезата на човекот, но
            постојат многу причини кои не даваат тие да се разбудат,
            осетат  и  осознаат.  Значи,  во  книгава  ќе  се  третираат
            причините  што  ја  ограничуваат  можноста  да  се  дојде  и
            види  правата  вистина.  Во  контекст  на  ова  би  го  земал
            примерот  на  раѓање  на  секое  дете  во  целиот  свет.  Секое
            дете кое доаѓа на овој свет е искрено, чисто, мило, но во
            понатамошениот развој тоа се соочува со овој таканаречен
            реален  свет.  Од  тој  момент  добива  и  почнува  да  прима
            негативни  елементи  од  денешните  општествени  односи.
            Дали нема посвоени деца од сиромашните држави кои како
            бебиња  се  однесени  и  посвоени  во  богатиот  свет?  Значи
            две  деца  родени  во  иста  болница  во  некоја  сиромашна
            земја,  но  растени  во  различни  услови  имаат  сосема
            различен карактер и различен пристап кон општеството.

            Ова  би  значело  дека  сите  ние  имаме  иста  или  слична
            стартна позиција, но разликата се појавува подоцна, а таа
            зависи  од  условите  во  кои  се  развива  детето.  Од  ова
            произлегува  дека  условите  во  иднина  треба  да  се
            изедначуваат.  Рамномерноста  и  изедначувањето  на
            целината  е  првиот  предуслов  за  благосостојба  во
            иднината.

            Стравот  од  промени кај луѓето е вграден и се наоѓа во
            мозокот  за  да  служи  како  заштитник  од  неизвесноста.
            Тешко  е  да  се  промени  нешто  од  страв  да  не  се  изгуби.
            Затоа  старата  вистина  не  може  да  се  замени  со  нова
            вистина, затоа е неопходно да се укажува, објаснува дека
            правата вистина носи прогрес за подобра иднина.


                                          19
   15   16   17   18   19   20   21   22   23   24   25