Page 19 - ПАТЕКА 2
P. 19

Со  премолчување  всушност  ги  одобруваме  негативните
            општествени односи. Во втората книга во суштина сакам да
            наметнам  и  раздвижам  размислувања  преку  кои  би  се
            добил лек за уништување на метастазата и излегување од
            маѓепсаниот лавиринт.


            Едноставно,  на  новоизградена  платформа  сакам  да  ги
            избистрам,  дообразложам,  исчистам,  појаснам,  упростам,
            поделам деловите на правата вистина со цел таа полесно
            да се открие. Со тоа  би сакал да постигнам секој еден
            индивидуалец  или  мал  колектив  да  впие,  да  прими
            позитивна порака или да здогледа нова светлина со која би
            се видела правата вистина. Со ваков позитивен пристап и
            примена  на  дијалектичкиот  реализам  би  се  дошло  до
            колективно признавање на правата нова вистина.

            На  некои  индивидуалци  или  мали  групации  кои  би  имале
            првично  негативни  реакции  на  ваквиот  пристап  ќе  се
            потрудам  да  ја  дигнам  правта која  им  е  наталожена пред
            очите за јасно да го видат сјајот на правата нова вистина.
            Не  би  сакал  да  се  направи  никаков  притисок  надвор  од
            дијалектичкиот  реализам,  не  би  сакал  да  се  стисне
            сунѓерот  па  тој  по  инерција  да  ја  впие  водата  што  е
            истурена на масата, туку би сакал и се движам во насоката
            секој човек од оваа сакана планета да посака да ја увиди и
            препознае правата нова вистина. Со откривање на правата
            вистина секој човек од целиот свет би ја видел иднината
            во  која  би  се  пронашол  и  со  тоа  би  се  промениле
            денешните општествени односи.

            Во оваа книга ќе се допрат и третираат длабоките чувства
            на  секој  индивидуалец  со  цел  да  се  открие  чистината  на

                                          18
   14   15   16   17   18   19   20   21   22   23   24