Page 18 - ПАТЕКА 2
P. 18

Незадоволството  ќе  биде  надминато  со  откривање  на
            правата  вистина  во  која  секој  индивидуалец  ќе  ја  види
            убавината  и  квалитетот  на  својот  индивидуален  живот  во
            иднината.  Целината исполнета  и  дооформена  треба  да  се
            увиди и со тоа да се спознае.


            Во првата книга општествените односи се упростени со цел
            да се добие црно-бела маса за проучување. Сето тоа беше
            со  цел  да  се  прикаже  и  разбере  денешниот  општествен
            проблем.  Па  затоа  во  оваа  втора  книга  ќе  се  обидам  да
            навлезем  подлабоко  со  цел  да  се  избистри  и  препознае
            правата вистина. Ова со други зборови би значело, првата
            книга  да  се  дообјасни  и  прошири  на  начин  на  кој  секој
            човек  на  планетата  земја  би  увидел  и  би  почнал  да
            размислува за откривање на правата вистина.

            Во  минатото  атомизмот  на  целината  бил  негиран,
            забораван  намерно  или  ненамерно  од  научната  мисла.
            Затоа  ваквото  апстрахирање  давало  целосно  неточни
            резултати.

            Денес  општествените  односи  се  прифатени  и  тие  се
            одобруваат. Секоја иницијатива за нивна промена се гледа
            утопистички,  во  суштина  ова  денешно  време  е  вистинска
            утопија, во која нема логика. Имаме наметнати нелогични
            општествени односи кои се општествено признати, ние сме
            навлезени длабоко во лавиринтот од каде можеби и нема
            излез.

             Денешните  општествени  односи  создаваат  метастаза  во
            самиот  затворен  лавиринт  која  не  дава  понатамошно
            опстојување и развивање. Сите ние ова го прифаќаме како
            нормална сегашност и го одобруваме.
                                          17
   13   14   15   16   17   18   19   20   21   22   23