Page 17 - ПАТЕКА 2
P. 17

2



            Вторава  книга  е  надополнување,  продолжување  на
            првата книга. Со оваа книга се навлегува во анализирање
            на  проблемите  што  нè  опкружуваат  денес.  Анализата  на
            денешното      размислување,       однесување,      примање,
            расудување,  реагирање,  треба  да  разбуди  желба  за
            менување  и  подобрување  на  целокупниот  општествен
            живот. Ваквиот однос ќе овозможи да се спознае и увиди
            правата вистина.

            Денешната  вистина  треба  да  се  третира,  проучува  и
            анализира за да се открие правата вистина. Со добивање
            на  правата  вистина  ќе  се  наметне  потреба  таа  да  се
            признае од сите структури на општеството, што би значело
            да  се  добие  општествено  признание  за  новата  права
            вистина.  Не  би  сакал  да  има  (нити  тоа  ми  е  целта)
            незадоволни  индивидуалци,  ниту  мали  колективи,  ниту
            пак, големи заедници. Ова го велам затоа што денешните
            општествени  односи  се  исполнети  со  сегашни  интереси  и
            цели. Во суштина тоа е одраз на денешната вистина која е
            со плитки и гнили корени.

            Правата вистина содржи други цели и интереси. Потребата
            за откривање на правата вистина е резултат на денешните
            негативни  и  изопачени  општествени  односи  кои  немаат
            иднина, тие треба да запрат и да доживеат свој крај. Тоа
            ќе  биде  почетокот  на  раѓање  на  една  нова  цивилизација
            која сите ние ќе ја спознаеме и ќе ја одобриме.

                                          16
   12   13   14   15   16   17   18   19   20   21   22