Page 15 - ПАТЕКА 2
P. 15

Кога Исус Христос ги проповедал десетте заповеди, кои се
            постулати  на  Библијата,  не  мислел  само  на  денешните
            христијани, тие десет заповеди се однесувале на луѓето од
            целиот свет.


            Неопходна  е  голема  и  содржинска  реорганизација  меѓу
            сите луѓе на светот, како прв и неопходен иден процес. За
            такво нешто треба да се направи добар план со примена на
            дијалектичкиот  реализам,  со  прв  предуслов  да  биде
            општествено  признат,  што  просто  би  значело,  сите
            држави  и  колективи  треба  да  ја  одобрат  патеката  на
            иднината.

            Овој  неминовен  иден  процес,  нормално,  би  имал
            противници како и во секоја нова работа, секогаш новата
            работа  не  се  прифаќа  веднаш  од  страв  да  не  се  изгуби
            старото.  Затоа  е  потребно  сите  ние  да  укажуваме,
            комуницираме,  полемизираме,  докажуваме,  споредуваме...
            Дали  денес  живеам  добро  или  треба  денешните
            општествени односи да ги менувам кон подобро?

            Така,  согледувајќи  ги  целокупните  општествени  односи
            сакам  да  потстрекнам  и  да  дадам  свој  придонес  за
            почнување  на  овој  процес.  Мојата  желба  е  луѓето  во
            иднина да живеат подобро од денес. Јас би сакал човекот
            да  живее  поспокојно  од  денес.  Љубовта  да  биде  на
            повозвишено ниво од денес.


            Љубовта  се  меша  со  пари,  егзистенција,  традиција,  така
            што  љубовта  не  е  чиста  и  бистра,  таа  денес  во  многу
            случаи  е  еднострана  и  себична.  Денешната  еднострана
            љубов  во  целина  нè  погодува  сите  нас  затоа  што
            едностраната  љубов  во  суштина  не  може  да  се  нарече
                                          14
   10   11   12   13   14   15   16   17   18   19   20