Page 137 - ПАТЕКА 2
P. 137
зближување на целината која така оформена ќе напредува
и ќе се развива во позитивна насока.
Денешниот систем кој владее речиси во целиот свет во
суштина не содржи етика. Етика е филозофска дисциплина
што се занимава со моралот. Во иднина образованието
мора да посвети поголемо влијание при изучување на
етиката и моралот.
Денес овој свет не се придржува до основните постулати
на морал, и ако има нешто морално тоа е декларативно.
Зборот морал е само декларативен израз што се
употребува само во напишан формален говор во кој нема
содржина или, пак, содржината е софистицирана, сокриена
лага што содржи демагогија. Индивидуалниот морал
постои, но е немоќен да се избори со колективниот систем
на неморалност и неетичност кои владеат во светот денес.
Поради овие причини еден школски систем ќе помогне да
ги усогласи, изедначи младите генерации, да ги научи да ја
почитуваат моралноста и практикуваат етиката. Младите
генерации во иднина треба меѓусебно да се почитуваат.
Едукацијата на младите поколенија е потребна за
зближување на меѓусебните односи. Изучување на
иднината и колективни сугестии и предлози во идните
планови во светот ќе потстрекне доверба меѓу народите во
светот.
Што се однесува до единствен правен систем во целиот
свет, тој ќе придонесе за јасно почитување на
општествените односи во светот. Почитувањето на
законите ќе биде поголемо и појасно. Транспарентноста на
правдата, која денес е делумно нејасна во некој делови во
136