Page 135 - ПАТЕКА 2
P. 135
нации треба да се одвива во фази во кои нема да има
засегнати страни.
Почитување на дијалектичкиот реализам мора да се
уважува и спроведува. Дијалектичкиот реализам мора да е
општествено признат, ако тоа не се почитува тогаш тој ќе
се излити и со самото тоа нема да може да се нарече
дијалектички реализам. Неспроведување и непочитување
на дијалектичкиот реализам би довело до создавање на
демагогијата, а тоа би значело уште една манипулација
каде повторно некој ќе ја изврти целата состојба во своја
лична корист и личен интерес.
Фазите на преземање на надлежностите од страна на
Обединетите нации потребно е да се со здрави корења и
добри темели. Разни импровизации можат да предизвикаат
големи последици во процесот на трансформација.
Конституирање на ново Собрание во Обединетите нации по
пат на демократски избрани пратеници од целиот свет е
првиот чекор што треба да се направи што поскоро.
Предусловите кој може да биде кандидат за пратеник во
Обединетите нации треба да се јасни и прецизни со цел
првото светско собрание да биде составено од луѓе со
висок морален и стручен квалитет, кои со својата
интелектуална способност ќе дадат огромен првичен
придонес за целиот свет.
Усогласување на школскиот и правниот систем во целиот
свет треба да е првиот предизвик за решавање на
светското собрание.
134