Page 142 - ПАТЕКА 2
P. 142
Затоа ќе наведам некои идни можности кои ќе го
олеснуваат животот со помош на нови технологии.
1- Како луѓето ќе го контролираат и лечат своето
здравје?
Тоалетот во суштина ќе биде медицинска амбуланта. Нема
да има потреба да се оди на лекар. Кога ќе седнеш на
шолја самата шолја ќе биде медицински анализатор со
скенер за сите болести, ќе се прегледува крвта, нивото на
шеќерот, урината, ќе се скенира целиот организам и
утврди дијагнозата на целокупниот организам. Во случај на
некоја болест или недостиг на витамини, калории, итн. во
самиот медицински тоалет ќе има разни лекови, каде со
брза терапија ќе се лечи болеста моментално и ефикасно.
Така човекот ќе го продолжи векот на живеење и ќе дојде
период каде човекот ќе живее над 200 години.
2- Како ќе се хранат луѓето?
Исхраната во иднина ќе биде строго контролирана со цел
да се избегнат несакани последици по здравјето на луѓето.
Па затоа храната ќе наликува на денешните чоколади.
Разните коцки храна ќе бидат со разновидна содржина во
зависност од моменталната потреба на организмот.
141