Page 132 - ПАТЕКА 2
P. 132
бил 100 000,00. Значи во 1998 година ти си можел со
твоите пари да купиш 100 000,00 кафиња.
Денес истото кафе чини 3,5 долари и тука ако направиме
проста математика денес со истите 150 000,00 плус
интересот од банката 1% годишно тоа сето би изнесувало
175 500,00, со тие пари би купил околу 50 200 кафиња.
Овој прост пример ни укажува дека за 17 години ставените
пари во банка губат 50% од вредноста. Значи вложениот
минат труд се намалил за пола.
Од горенаведениот пример следи логично прашање, кој ги
украл или земал пола од парите, а не направил криминал и
никој не одговара? Каде испарил пола од твојот минат
труд?
Дали и овде се појавуваат Марсовците па ни ги крадат
парите? Па до кога тие Марсовци ќе ни го земаат
вложениот минат труд?
Некои итри луѓе ова го знаат многу добро и си велат дај
сите мои пари ќе ги претворам во злато за да ми биде
сигурно дека никој нема да ми ги земе мојот долгогодишен
труд.
Овој потег навидум е подобар, но до крај не е издржан,
Зошто? Прашањето е јасно, одговорот е следен.
Да претпоставиме дека во светот има 100 000 тона злато и
тоа е статично и непроменето. Тогаш во овој случај
златото би се задржало со вредноста на еден килограм
злато од 1998 година. Ајде да појасниме математички.
131