Page 133 - ПАТЕКА 2
P. 133
Имате 150 000,00 долари во 1998 година, каде еден
килограм злато вредел 15 000,00 долари, што би значело
дека тоа време за 150 000,00 би требало да купите 10
килограми злато или тоа, да се потсетиме, изразено во
кафиња би изнесувало 100 000 кафиња.
Денес, во 2015 година, тоа би било вака:
10 килограми злато денес вредат 200 000,00 долари.
Оттука овие 200 000,00 ги поделиме на 3,5 ќе добиеме
околу 58 000 кафиња. Значи се губат 42% од твоите пари.
Што ако на пример во некој рудник се ископало 100 000
тони злато за периодот од 1998 до 2015 година? Понудата
би била поголема од побарувачката. Во тој случај
вредноста на златото би паднала на сите берзи во светот, а
со тоа бројот на кафињата би се намалил.
Ова е денешната вистина каде заштедените пари или
минатиот вложен труд губи вредност. Тоа значи дека
нормалните вредни луѓе од целиот свет немаат сигурност и
иднина во староста. Кој е тој што така перфидно и
софистицирано краде од целокупното население во светот?
Во иднина дијалектичкиот реализам мора да најде решение
каде нема да има девалвирање на минатиот труд. Решение
на овој проблем ќе се бара во новата организација на
Обединетите нации, тие ќе го сменат денешниот негативен
систем и преку колективно планирање ќе ги унапредат
општествените односи.
132