Page 136 - ПАТЕКА 2
P. 136
Еднакво школство во целиот свет ќе придонесе за
создавање поквалитетни индивидуи и колективи во целиот
свет. Квантитетот на поедуцирани луѓе во светот ќе доведе
до поголем квалитет на луѓе кои ќе го преземат
лидерството во светот, ова ќе придонесе за намалување на
денешните негативни тензии и погрешни пристапи кои
владеат во сегашноста.
Еднаков школски систем ќе ги анулира негативните
денешни научни дисциплини или делови кои се вметнати
во некои научни дисциплини кои непотребно се изучуваат.
Овие денешни научни дисциплини кои се недоречени или
непрецизни влијаат многу негативно при формирање на
менталниот склоп на луѓето насекаде во светот.
Денешните различни школски системи создаваат
нетрпеливост меѓу народите, денешното школство дава
голема предност на нацијата, сите нации во светот за себе
мислат дека се најдобри и најпаметни во целиот свет и
дека треба да доминираат над другите. Тоа е толку
очигледно и секојдневно. Ваквата состојба дава негативни
импликации во сите сегменти на живеењето.
Најголемиот апсурд е тоа што во историјата секогаш имало
преселби на народите, индивидуални преселувања, а со
самото тоа нема идеално чиста нација. Ако се направи ДНК
анализа на најголемиот националист може да се утврди
дека тој генетски припаѓа на друга нација, а не на таа за
која се бори, застапува и пропагира.
Ако се оди и подлабоко, ќе се откријат и други апсурди и
нелогичности. Затоа еден школски систем е неопходен за
135