Page 139 - ПАТЕКА 2
P. 139

Основни  човечки  права  во  21  век  се  смешна  работа,  но,
            сепак, постојат во некои делови од светот.

            Еден  правен  систем  би  го  решил  овој  голем  денешен
            проблем. Некој тука би дал забелешка дека еден единствен
            правен систем во целост нема да го реши овој проблем. Се
            согласувам  со  оваа  констатација,  но  одговорот  на  ова  е
            единствена полиција на светот. Една полиција на светот ќе
            го брани правниот систем во светот.

            Светска  полиција  како  трета  фаза  ќе  се  наметне  од
            причина што ќе се појави потреба од тоа.


            На  кого  во  светот  не  му  одговара  да  има  исти  закони
            насекаде и тие да се штитени од светска полиција?


            Сигурно  не  им  одговара  на  тие  кои  ја  користат  оваа
            ситуација на неединство во светот.


            Дали  има  луѓе  кои  ништо  не  работат  ниту  имале  големо
            наследство од своите роднини, а денес се многу богати? На
            такви  луѓе  сигурно  им  одговараат  овие  денешни
            општествени односи. Тие велат дека јас сум утопист и дека
            мојата филозофија е утопистичка.

            Таквите луѓе кои прават сè само сите нас да нè користат и
            манипулираат се решени на сè, тие можат де газат и мртви
            трупови за свој интерес. Тие не се луѓе, тие се Марсовци
            кои прават војни, заведуваат цели нации, пролеваат многу
            човечка крв, немаат грижа и не ги боли уво за луѓето. Тоа
            се  монструми  егоистички  на  кои  сè  им  е  дозволено  во
            сегашниот систем и нè третираат како мравки. Нив мора да
            ги  вратиме  таму  од  каде  што  се  дојдени.  Тие  не  се  луѓе,

                                         138
   134   135   136   137   138   139   140   141   142   143   144