Page 138 - ПАТЕКА 2
P. 138

светот, ќе се искристализира. Денес имаме многу спогодби
            и договори меѓу две или повеќе земји за изедначување на
            разни  закони.  Денешната  Европска  унија,  земјите  кои  се
            нејзини членки и кандидатите кои сакаат да влезат во тој
            сојуз  секојдневно  го  усогласуваат  правниот  систем.  Тоа  е
            само  доказ  дека  еден  правен  систем  е  неопходен.  Има  и
            други  здружувања  во  разни  делови  на  светот  каде  се
            увидува  дека  неопходноста  од  еден  правен  систем  е
            неминова  и  потребна.  Сите  вакви  иницијативи  кои  се
            раѓаат насекаде во светот се добар знак, но недоволен да
            се решат денешните проблеми.

            Не  можеш  да  напредуваш  со  крпење  на  стариот  кожен
            фудбал,  мора  да  се  купи  нов  фудбал  за  натпреварот  да
            добие во квалитет.

            Со  единствен  правен  систем  ќе  се  добијат  позитивни
            резултати.  Денес  имаме  нелогичности  во  многу  нешта,
            една од најгорливите појави е емиграцијата во која имаме
            масовни  преселби  од  Истокот,  Африка,  Јужна  Америка  во
            западните земји. На пример - климатски, богати ресурси од
            секаков вид, сонце како нов потенцијал за производство на
            енергија  и  што  уште  не  има  во  пределот  на  централна
            Африка. Тој дел на светот е најубав дел од сите аспекти за
            добра  егзистенција.  Апсурдот  е  во  тоа  што  од  таму  има
            најголем  број  емиграции.  Прашањето  е  зошто  ова  се
            случува.

            Едноставно  ако прашате  кој било  од таму  што  сака  да  се
            исели на друго подобро место зошто не сака да живее таму
            првиот одговор е затоа што нема основни човечки права.



                                         137
   133   134   135   136   137   138   139   140   141   142   143