Page 134 - ПАТЕКА 2
P. 134
21
Денешната вистина во суштина е многу сурова и груба и во
неа сите ние се чувствуваме несигурни, депримирани,
измамени. Денешната вистина мора да се смени, нејзиното
место треба да ја заземе правата вистина во која сите ние
ќе почнеме да се чувствуваме подобро од денес. Нашето
спокојство, нашата љубов мора да ја воздигнеме, чувството
за подобар живот да го почувствуваме, среќата да ја
осознаеме, а со тоа благосостојбата да ја доживееме.
Решението на сите денешни вистини е во откривање на
правата вистина. Зближувањето на земјите од целиот свет
и зајакнувањето на целината е решение за сите денешни
проблеми ко нè мачат сите нас.
Обединетите нации денес се нефункционални и млитави,
но добро е и што постојат. Нивната реорганизација на нови
основи во правец на зближување и создавање на една
целина треба да биде наша цел и задача.
Надлежностите што ги имаат сите држави во светот во
иднина мора постепено да ги предаваат на Обединетите
нации. Префрлувањето на надлежностите во Обединетите
133