Page 141 - ПАТЕКА 2
P. 141
22
Луѓето денес имаат нејасна претстава за иднината. Тие се
преокупирани со денешните проблеми. Секојдневните
проблеми не им оставаат сила за да размислуваат за
суштината што ќе го открие решението на денешните
проблеми. Денешните утопистички односи се сметаат како
реални. Најтешкиот сегашен проблем во светот е
невработеноста, војните, сиромаштијата...
Проблемите што се вградени во сегашниот општествен
живот се лесно решливи и небитни. Ова се потврдува со
самото тоа дека ние треба да работиме на подобрување на
животните потреби и квалитетот на животот. Едноставно
ние треба да одиме во правец на создавање нови
вредности, а самиот тој однос ќе доведе до ангажирање на
целокупното население во светот.
140