Page 131 - ПАТЕКА 2
P. 131
Секоја вредност содржи вложен труд што е изразен во
разни облици, значи богат човек во суштина поседува
голем собран труд, тој е содржан или изразен во пари или
скапоцени предмети. На пример, сакаш да направиш куќа,
не треба ти да ја градиш, доволно е да имаш пари за да ја
изградиш или да ја купиш куќата. Луѓето кои ја градат
куќата или ја граделе твојата куќа работат или работеле и
за својот вложен труд добиваат пари. Во заработените
пари го вложуваат својот труд. Од ова се гледа дека
парите содржат труд. Мултиплициран насобран труд е кога
имаш многу пари, тогаш ти поседуваш многу труд. Тој твој
труд изразен во пари или злато го ставаш во едно сандуче
кое е на сигурно место (банка, сеф, трезор итн.). Ова е
денешната вистина.
Секоја вредност може и да се изгуби и со тоа да нема
вредност. Замислете си вашиот прадедо да ставел 5 000,00
во трезор пред сто години. Во тоа време 5000,00 долари
било цело богатство, а денес 5 000,00 е само за еден добар
викенд за една фамилија на некое егзотично место.
На пример, парите кои ги чувате во сефот во банка може
да ги снема ако се запали банката затоа што тие ќе
изгорат. Ако ти се парите на сметка и се оданочени и
чисти, тие секојдневно девалвираат. Ова ќе го појаснам со
пример.
Во 1998 година во Старбакс едно кафе чинеше 1,5 долари.
Во тој период ти си имал заштеда од 150 000,00 долари.
Ако направиме проста математика и 150 000,00 ги
поделиме на 1,5 резултатот од оваа проста математика би
130