Page 130 - ПАТЕКА 2
P. 130

20



            Денешните  економски  односи  во  светот  се  признати  и
            потврдени речиси од целокупното општество. Економските
            непишани или пишани закони кои се на сила се болни, со
            гнили  корени.  Таквата  денешна  ситуација  предизвикува
            големо незадоволство речиси насекаде во светот.

            Филозофијата  на  лажни  вредности  навлегува  длабоко  во
            денешните  економски  односи.  Откривањето  на  правата
            вистина  треба  да  нè  натера  да  ги  менуваме  денешните
            општествени  односи  со  цел  подобро  да  живееме.
            Колективната промена ќе ни донесе поголема колективна и
            индивидуална благосостојба.


            Денес  економијата  познава  пари  од  секаква  валута,
            најчесто  парите  се  мерат  во  злато.  Најчесто  парите  се
            вреднуваат  или  се  споредуваат  со  вредноста  на  злато.
            Денес  постојат  земји  и  личности  кои  имаат  резерви  или
            заштеди  изразени  во  злато.  Овој  тип  земји  или  личности
            очигледно дека немаат доверба во стабилноста на парите,
            тие  се  плашат  од  девалвирање на парите,  а со  тоа  би  се
            девалвирала  -  смалила  вредноста  која  ја  поседуваат.
            Златото  не  може  да  се  намали  во  тежина,  еден  килограм
            злато не може да калира со тек на време, но и цената на
            златото варира. Некои луѓе својата заштеда, својот труд ги
            чуваат во дијаманти, рубини и разни други драги камења.




                                         129
   125   126   127   128   129   130   131   132   133   134   135