Page 122 - ПАТЕКА 2
P. 122
или ваша. Ова трае со години, никој не попушта.
Историјата во суштина е главна сопирачка за
приближувањето на земјите во светот. Во суштина,
историјата не носи прогрес таа е главен сопирач за
човековиот прогрес.
Иднината е најважен дел за секоја индивидуа во светот.
Иднината треба да е научна дисциплина. Иднината треба
да биде воведена како предмет во целиот школски систем
во светот. Со проучување на иднината ќе се доведеме до
побрз општествен развој во целина. Иднината ќе ни открие
многу прашања кои денес нè мачат во секоја смисла.
Планирање на иднината не прифаќа негативни елементи,
кога планираш многу е тешко да пишуваш налогичности
или негативни содржини. На пример, секој нормален човек
во светот не планира месечно да убие по десет луѓе. (Овој
месец планирам да убијам десет луѓе, а следната година
имам во план да убијам 55 луѓе.) Такво нешто не е можно.
Иднината и планирањето во иднина е исполнето со
реалност и прогрес. (Следниве пет години планирам да
работам повеќе и така да ја отплатам мојата куќа.) Ваков
план е нормален и реален.
Групно, колективно планирање треба да е пример за
иднината. Приближувањето на земјите би донело прогрес
во општественото планирање.
Еднаков школски систем е потребен за луѓето од целиот
свет да ја планираат заедничката иднина во иста насока.
Кога ќе се планира иднината таа мора да е општествено
призната. За да биде иднината општествено планирана
мора луѓето да се на приближно исто ниво.
121