Page 126 - ПАТЕКА 2
P. 126

Едно  ладно  приквечерие  француските  генерали  беа
            собрани  на  состанок  во  собата  на  главниот  војсководец.
            Состанокот го отвори генералот Жак, којшто рече:


            Утрешниот ден е ден што ќе одлучи за победникот на оваа
            битка. Сите вие мора да ги соберете вашите војници и да
            им  укажете  на  важноста  на  утрешниот  ден.  Мора  да  ги
            мотивирате  своите  војници  дека  мора  да  бидат  цврсти  и
            јаки. Секој еден војник треба својот непријател да го гледа
            како крвник кој сака да ги убие нив, ако не убиеш, ќе те
            убијат тебе. Секој еден мора да убие двајца непријатели,
            со тоа ќе се спаси себе и ќе ја воздигне Франција.

            Замислете  дека  вие  сте  родени  во  1788  година  и  сте
            учествувале во таа битка во која сте заклани со остар меч.
            Дали тие луѓе што загинале во оваа битка сакале да умрат?
            Денес ова е смешно, во историјата луѓето гинеле, умирале
            за некакви лажни цели и интереси.

            Како  денес  разговараат  двајца  кои  сакаат  да  направат,
            украдат пари со кои би се осигурале за иднина.

            - Ние двајца сме стари другари уште од војничките денови.
            Јас  сум  на  работ  на  пропаста.  Последните  пари  ги
            искоцкав.  Сега  немам  ништо.  Имам  идеја  како  да
            направиме големи пари. Познавам еден богат човек. Мојата
            девојка  работи  како  домаќинка  во  неговата  куќа.  Таа  ми
            даде  информации  каде  се  наоѓа  сефот,  кој  е  полн  пари.
            Дали сакаш да ја завршиме оваа работа?

            -  Да,  секако,  и  јас  сум  во  иста  ситуација.  Деновиве  ја
            изгубив работата и со пари сум за никаде.



                                         125
   121   122   123   124   125   126   127   128   129   130   131