Page 117 - ПАТЕКА 2
P. 117

класа  претставува  повеќе  од  пола  од  работоспособното
            население.

            Најстрашното  што  ова  нема  крај,  деформацијата  во
            општеството никогаш не била толку девијантна како денес.
            Луѓето  се  преокупирани  да  најдат  работа  во  државните
            структури. Волјата за индивидуален напредок е намалена и
            сега  е  на  најмалото  ниво  откако  постои  човекот.
            Индивидуалноста  е  задушена  од  денешниот  политички
            систем. Опозицијата секогаш се бори да дојде на власт, таа
            се труди да регрутира нови членови за да може да победи
            на  следните  избори.  Ако  победи  имаме  зголемување  на
            бирократијата  и  тоа  нема  крај.  Ако  овој  проблем  не  се
            третира  ќе  дојдеме  во  иднина  да  имаме  над  50  %,  а
            можеби  и  повеќе  луѓе  кои  земаат  плата  од  буџетот  на
            секоја земја.

            Ова  е  правата  вистина  денес.  Заклучокот  е  дека  нешто
            мора да се менува. Затоа јас би направил една компарација
            со  некои  земји  кои  во  светската  криза  успеаја  да  го
            искористат моментот и да се наметнат.

            Очигледенпример      е    денешната     кинеска    економска
            експанзија која наметна економски и политички систем со
            кој  ја  искористи  слабоста  на  другите  економски  системи
            кои владеат со светот денес. Кина денес има организиран
            систем  на  купување  на  репроматеријали  или  суровини  за
            годишно производство за цела земја. На пример, откупува
            цело производство на некоја железарница. Сигурно цената
            е многу пониска отколку да се купи дел од производството.
            Се добива евтин репроматеријал или суровина. Работната
            сила е релативно евтина.

                                         116
   112   113   114   115   116   117   118   119   120   121   122