Page 119 - ПАТЕКА 2
P. 119
Тој едноставно оди како пратеник во Обединетите нации,
таму тој добива своја нова територија (држава) која ќе ја
застапува. Пратеникот комуницира со нови луѓе кои ќе ги
застапува. Значи некој кој има способност, квалитет на
човек во целосна смисла на зборот оди да претставува луѓе
кои не ги ни познава. Таквиот пратеник не треба никому да
враќа услуга за својот избор. Таквиот пратеник целиот свој
живот ќе го посвети за прогрес на целокупното општество.
Таквиот пратеник нема да има потреба од корупција, борба
за егзистенција, неговата егзистенција ќе ја добие и ќе ја
има за цел негов живот.
Денешните влади во светот претежно се корумпирани
(некои можеби и не се) од причина што владите се
менливи. Ако некој премиер изгуби на следните избори,
што би работел тој? Па затоа тој е подложен на корупција,
криминал и слично, за кога ќе падне од власт да има пари
за да продолжи во сигурен живот. Ова е малку смешно, но
вистинито во пракса.
Еве, се докажа дека во денешниот политички систем
најдобро котираат земјите што имаат крал. Тој не е менлив
и се труди неговиот народ да живее подобро од другите.
Тоа е вистината. Земете ги примерите на Шведска, Данска,
Норвешка, Велика Британија, Јапонија и други.
Идниот политички и економски систем во светот треба да
се постави на цврста основа за да биде праведен и воедно
да продуцира правилни општествени односи, каде секоја
индивидуа во светот ќе добие сигурност и верба во
системот.
118